Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Прогресивното ширење на африканската чума кај свињите сериозна закана за безбедноста на храната

18.01.2020
Прогресивното ширење на африканската чума кај свињите сериозна закана за безбедноста на храната

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов учествуваше на отворањето на 85 Зелена недела која се одржува од 17 до 26 јануари 2020 година во Берлин, под покровителство на Европската комисија – Директорат за здравје и безбедност на храна (DG SANTE). Тема на меѓународна конференција од високо ниво е „Иднината на глобалното производство на свинско месо под закана од африканската чума кај свињите”.

Прогресивното ширење на африканската чума кај свињите (АЧС) ширум светот наметнува преземање глобални активности, па дури и поефикасна соработка и комуникација помеѓу сите релевантни чинители во областа на ветеринарната политика и безбедноста на храната. Иднината на глобалното производство на свинско месо, а со тоа и безбедноста на храната е под закана од ова заболување. Целта на овој настан е да се поттикнат координирани глобални активности за намалување на влијанието на АЧС врз производството на свинско месо и меѓународната трговија. 

Конференцијата ја отвори Стела Киријакидес, комесар за здравство и безбедност на храната и Јулија Кликнер, федерална министерка за храна и земјоделство на Германија. Свое обраќање имаа и Моник Елоит, директорка на Светската организација за здравствена заштита на животните и Марија Вучковиќ, министерка за агрикултура на Хрватска. Покрај министрите на земјите членки на Европската унија и на третите земји, на конференцијата присуствуваа и релевантните меѓународни организации. Главен фокус на панел дискусијата беше меѓународната соработка и размена на информации во борбата против АЧС со цел подобро справувањ
 

Ознаки
Категорија