АХВ дел од еко акцијата за чистење

14.12.2019
АХВ дел од еко акцијата за чистење

Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучи на денешната еко акција во која државната администрација заедно со граѓанското здружение „Не биди ѓубре“  го чистеше главниот град  Скопје. Вработените од Агенцијата со неколку други државни институции ја чистеше околината на месноста Јурија во скопскта општина Ѓорче Петров.

Освен на овој локалитет, во Скопје, се чистеше на 20-тина други локации меѓу кои езерото „Треска“ во Сарај, тврдината на Кале, на Водно, во околина на Собранието, улицата „Македонија“, во реонот на МКЦ и на МТВ, касарната „Илинден“, кејот на Вардар, и други.

Со оваа еко акција, државните службеници го одработија 2 јануари 2019 година.

Ознаки
Категорија