Завршија анкетите за навиките во исхраната кај децата

21.11.2019
Завршија анкетите за навиките во исхраната кај децата

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Институтот за јавно здравје ја спроведоа четвртата (последна) фаза од истражувањето на навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст. Проектот се спроведува со поддршка на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) и со него беа опфатени вкупно 1080 дечиња. Анкетирањето за навиките во исхраната на дечињата се реализира во 270 домаќинства во секоја сезона одделно (пролет, лето, есен зима).


Во тек се активности за анализирање на собраните податоци од анкетирата кои по обработката, согласно европската методологија за спроведување на ваков тип на истражувања, ќе бидат внесени во посебен информативен систем, по што ќе бидат пратени до ЕФСА. Со ова истражување, покрај навиките во исхраната на децата од овие две категории и македонските традиционални јадења, како дел од националното мени, ќе станат дел од таканареченото ЕУ мени.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство


Истражувањата на навиките во исхраната Европската унија го спроведува во одредени држави неколку години по ред, а за прв пат, во рамки на соработката на Агенцијата за храна и ветеринарство со ЕФСА и нашата држава беше вклучена во него. 


Собраните податоци од анкетата за навиките во исхраната на дечињата се основа на процесот на процена на ризик и управување со ризик во земјава и предуслов за идниот развој на активностите поврзани со исхраната и креирање на политиките на исхрана на населението.

 

 

Ознаки
Категорија