Во септември уништени 11,3 тони небезбедна храна

05.11.2019
Во септември уништени 11,3 тони небезбедна храна

Повеќе од 4,6 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во септември годинава. Дополнително, операторите со храна, во истиот временски приод уништиле уште 6,6 тони небезбедна храна.

За констатираните недоследности со вкупно извршените 4.655 инспекциски контроли (3.106 редовни, 440 контролни и 1.109 вонредни), официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата, во септември изрекле 714 мерки. Од нив, 433 решенија со кои било наложено отстранување на недоследностите, 254 едукации на оператори со храна, а, изречени биле и 4 парични казни . 
Инспекциските служби поднеле и пет прекршочни и една кривична пријава за утврдените недоследности од поголем обем.

За извоз на  храна од животинско потекло, официјалните ветеринари во овој временски период издале 260, а инспекторите за храна 303 сертификати за безбедност, за пласман на храна на странските пазари.  Инспекторите за храна ни официјалните ветеринари на граничните премини, во септември годинава не издале забрана за увоз на пратки со храна, ниту од животинско, ниту од неживотинско потекло, а како небезбедни, немало ниту поништени пратки од увоз.
 

Категорија