Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Обука за ветеринари на Факултетот за ветеринарна медицина

19.08.2019
Обука за ветеринари на Факултетот за ветеринарна медицина

“Реална е опасноста и стравувањето болеста африканска свинска чума која е присутна во соседството да се пренесе и во нашата земја, но, ако веќе се појави, од исклучителна важност е навреме да се открие за да се преземат соодветни мерки за нејзино сузбивање и спречување на нејзино ширење. Набавени се опрема и инструменти за подобра подготвеност и ефикасност во случај на појава на особено опасни заразни болести кај животните и тие се дистрибуирани до официјалните ветеринари. Алертот е дигнат на највисоко ниво и на активниот и на пасивниот мониторинг кој го презема Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ” – истакна директорот на АХВ Зоран Атанасов, на денешната обука за официјалните ветеринари, која се одржа на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

За основите на болеста африканска свинска чума, начините на нејзино пренесување и препознавање, како и за процедурите за соодветно земање и транспортирање на мостри за лабораториско испитување, на обуката говореа стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство и професори од Факултетот за ветеринарна медицина.

Важно е, рече тој, како институција да допреме до сите граѓани и да ги охрабриме да пријавуваат угинати диви или питоми свињи. Тоа е дел од мониторингот кој го спроведува нашата институција. И од нив ќе се земат мостри за лабораториско испитување за детектирање на евентуално присуство на болеста африканска свинска чума.

Tој апелираше до официјалните ветеринари максимално да се води сметка и за биосигурносните мерки кои треба да ги спроведат официјалните ветеринари при посетата на одгледувалиштата и земањето на мострите, со цел да се спречи евентуалното ширење на болеста како и правилна и навремена детекција на болеста и заштита и на инспекторите и на стручните лица кои работат во лабораториите. 

-Изградивме партнерски однос со Агенцијата за храна и ветеринарство и во изминативе години оформивме сопствени лабораториски капацитети кои постојано ги унапредуваме. Болеста африканска свинска чума е пред нашиот праг и затоа вложуваме заеднички напори во борбата против неа. Неопходно е точно и навремено дијагностицирање, а предуслов за тоа е соодветна подготовка на мострата од страна на инспекциските служби – рече деканот на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, Лазо Пендовски. 
 

Ознаки
Категорија