Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Ќе се унапредува соработката и со косовската Агенција за храна и ветеринарство

17.06.2019
Ќе се унапредува соработката и со косовската Агенција за храна и ветеринарство

Интензивирање и унапредување на соработката  во делот на безбедноста на храната, храната за животни и здравствената заштита на животните, договори на денешниот работен состанок директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов со претставници на Агенција за храна и ветеринарство на Република Косово. На состанокот, презентирана беше актуелната состојба со болестите кај животните во регионот, а разменети беа и искуства во насока на олеснување и интензивирање на увозот и извозот меѓу двете земји.


Во насока на  официјализирање на соработката на македонските и косовските институции од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните и фитосанитарната политика, како што беше истакнато на состанокот, наскоро ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Косово. 

Ознаки
Категорија