Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Одржана TAIEX Работилница за употреба на одобрени и неодобрени активни супстанции како ветеринарни препарати

06.08.2025
Одржана TAIEX Работилница

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 3 до 4 јули 2025 година во Скопје се одржа Работилница за употреба на одобрени и неодобрени активни супстанции како ветеринарни препарати.

Целта на работилницата е да им овозможи на учесниците да стекнат знаење и алатки за зајакнување на нивниот институционален капацитет за ефикасно спроведување на законодавството на ЕУ, поврзано со официјалните контроли за употреба на фармаколошки активни супстанции одобрени како ветеринарно-медицински препарати или како адитиви за храна за животни. Исто така, тие ќе ги применат истите принципи и анализи за забранети или неодобрени фармаколошки активни супстанции и нивни резидуи, резидуи од пестициди и контаминенти кај живи животни и производи од животинско потекло.

 

1

 

Главни теми кои се обработуваа во текот на експертската мисија беа:

  1. Разгледување и разјаснување на самата ЕУ легислатива, контрола и практични случаи, поврзано со резидуи од ветеринарно медицински препарати;
  2. ЕУ легислатива поврзана со резидуи од пестициди во храната- Регулатива 396/2005
  3. ЕУ легислатива поврзана со контаминенти, резидуи од ветеринарно медицински препарати
  4. Мониторинг и контролен план за контаминенти во храна
  5. Регулатива во однос на официјални контроли и нејзина примена во однос на резидуи од ветеринарно медицински препарати, резидуи од пестициди и контаминенти
  6. Улогата на различни надлежни органи/институции во делот на проценка на ризик
  7. Значењето на анализа на ризик во областа на контрола на контаминенти во храна и храна за животни

 

2
Ознаки
Категорија