Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денес оствари работен состанок со претставници на Сојузот на стопански комори и увозниците на додатоци во исхраната.
Како одговорна институција за безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, а со тоа и за заштита на здравјето на граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел за максимално почитување на препораките од Светската здравствена организација – СЗО со цел, спречување на појава и ширење на Корона вирусот и во нашата земја.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби позитивна оценка за документираниот Системот за менаџмент на квалитет и неговата функционалност во рамките на сите процеси и услуги кои се реализираат во Агенцијата, од страна на аудиторите од сертификациското тело MQS, регионален парнер на Австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Македонија, по што е продолжен за користење сертификатот за квалитет.
Новото истражување на ЕФСА ги вклучува перцепциите за безбедност на храната во ИПА земјите. Евробарометарот на ЕФСА за безбедност на храната продолжува да генерира вредни информации поврзани со ставовите на потрошувачите од пет земји кои го користат инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Во  постапките  на  процена  на  ризик  Агенцијата  може  да  користи  стручна  помош  од експерти  од  областите  на  безбедноста  на  храната,  храната  за  животни  и  ветеринарно  и фитосанитарна  политика.  Во  согласно со член 120 од Законот за безбедност на храна и Одлуката за формирање на Националниот совет,  Агенцијата за храна и ветеринарство  објавува Јавен повик за експерти.
На покана на Бугарската агенција за безбедност на храната, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денес и вчера со претставници на Агенцијата учествуваше на дводневен, регионален состанок во Софија, Република Бугарија на која претставници од ветеринарните власти од регионов дискутираа за состојбата со болеста африканска свинска чума во регионов и за другите особено опасни заразни болести.
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 11-12  февруари 2020 година во Скопје се одржа Работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали и производи со која претседаваше д-р Оливер Миланов, а како експерти  од ЕУ  учествуваа Г-ѓа Milada Syčová од Словачка  и Г-ѓа Мaria Rosaria MILANA од Италија.
По првичниот сомнеж на трети февруари, ветеринарните власти на соседна Грција, на петти овој месец официјално го потврдија првиот случај на заболена свиња од болеста Африканска свинска чума во селско домаќинство со 32 свињи.
Светската стручна јавност алармира за се поголем недостиг од животински протеин во наредните триесет години, а ваквата состојба ја наметнува потребата од наоѓање на алтернативни извори за негово обезбедување. Аквакултурата е еден од нив и затоа во годините пред нас, како држава, институција и ветеринарна фела, треба да посветиме се поголемо внимание за нејзин развој.
Kоординација на активностите во спроведувањето на ветеринарни активности од јавен интерес и реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2020 година на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утврдување и анализа на проблемите во секторот за здравствена заштита на животните, разгледување на Правилникот за евиденција на ветеринарно медицински препарати и дискусија на актуелни прашања во ветеринарната дејност, се дел од темите на кои на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, денес дискутираа претставниците на АХВ и членките на Ветеринарната комора.