Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки и корисници на услугите на АХВ.
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) будно ја следи ситуацијата во однос на појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19) од кој се зафатени голем број земји ширум светот. Во моментов не постојат научни докази дека храната претставува извор или преносител на овој вирус.
Во отсуство на идеи како да ја пополни дневната партиска агенда, во услови кога се преземаат сериозни мерки за спречување на ширење на вирусот Ковит 19, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува да ја манипулира и заплашува јавноста.
Агенцијата за храна и ветеринарство како еден од приоритетите во нејзиното работење има поставено исполнување на барањата на граѓаните и заштита на нивните интереси. Градењето на довербата на граѓаните во Агенцијата за храна и ветеринарство беше основно мото при дефинирање и спроведување на активностите на вработените и директорот на Агенцијата во изминатите 4 години.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) ги интензивира активностите за заштита на правата на потрошувачите при електронска, односно таканаречена on line продажба на прехранбени производи, како и на производите од групата додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите. 
Взаемна комуникација при управување со кризни состојби и делување во итни случаи, размена на податоци, извештаи, резултати  и други информации  кои се од корист при појава на природни катастрофи, а се во насока на спроведување на заеднички активности со цел обезбедување на заштита и благосостојба на животните, обезбедување и дистрибуција на безбедна храна за луѓето и животните, хигиенски исправна вода за пиење  како и обезбедување и управување  со транспорт и привремени прифатилишта за животни, договорија со денешното потпишување на меморандум за соработка
Aгенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира и осудува обидите на интернет портaлот dokazmakedonija.mk, кој паушално, неаргументирано во јавноста шири лаги дека на македонскиот пазар се продава небезбедна пакувана вода и ги повикува граѓаните да не ја купуваат и користат.
Salmonella и Campylobacter стануваат се поотпорни на ципрофлоксацин, кој претставува еден од антибиотиците кои најчесто се користат при инфекции со овие бактерии. Ова е заклучокот од последниот извештај за антимикробната отпорност на зоонозите кој е објавен од страна на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) и Европската агенција за безбедност на храна (EFSA)
Како одговорна институција за безбедноста на храната и за здравјето и на потрошувачите, Агенцијата за храна и ветеринарство го повикува дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски да престане да ја манипулира јавноста и да сее лаги дека храната во земјава не се испитува и дека е загрозено здравјето на граѓаните.
Македонските граѓани јадат безбедна храна, од домашно производство и од увоз, а истата редовно се контролира од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна. Дилетантски и неосновани се обвинувањата на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, изнесени на денешната прес конференција, со која се обиде да внесе страв кај граѓаните дека јадат небезбедна храна, свесно неосновано обвинувајќи  ја Агенцијата за храна и ветеринарство, дека од јуни до ноември минатата година, поради неспроведување на мониторинг на безбедноста на храната, не се вршеле никакви проверки на нејзината безбедност.