Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ Македонија открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско).Месото е повлечено од продажба, информира Македонската информативна агенција МИА, а операторите со храна се парично казнети – со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.
Вонредна контрола во пекарницата каде според медиумите глодар шетал по маса
Агенцијата за храна и ветеринарство издаде налог и во моментов врши вонредна инспекциска контрола кај операторот со храна производител на леб и бели печива, по објавената фотографија на социјалните мрежи за еден од објектите на операторот, на која се гледа глодар на една од масите каде се послужува храна. Во рамки на законските надлежности, инспекциските служби на Агенцијата вршат проверка дали од страна на овој оператор со храна се почитуваат пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
АХВ спроведува вонредни контроли во туристичките центри
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во ек на туристичката сезона, спроведоа вонредни контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, во маркетите и во други објекти каде се подготвува, послужува или се продава храна во туристичките центри Охрид, Струга и Дојран.
Соопштение за покажување на интерес за именување на членови на Комисијата за заштита и благосостојба на животните
Врз основа на член 10 став (1), (3) и (12) од Законот за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 149/14, 149/15 и 53/16) и Правилникот за постапката за именување и разрешување на членовите на Комисијата за заштита и благосостојба на животните, содржината на деловникот за работа на комисијата и висината на надоместокот за работата на комисијата (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.51/18), Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија објавува соопштение за покажување на интерес за именување на пет члена од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштитата и благосостојбата на животните и едно лице претставник на невладините организации заради формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните.
Јадете безбедна храна и во услови на високи температури
Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Од друга страна пак, луѓето во текот на летото повеќе консумираат ладна и сирова храна како што се: сладоледи, салати, брза храна (сендвичи) и сл.