
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов одржа работен состанок со претставници од неформалната група „Коалиција против ГМО“ на кој се разговараше за најавените измени во Законот за безбедност на храната за регулирање на трговијата со производите кои содржат ГМО. Од страна на директорот Атанасов на претставниците на оваа неформална група презентирани им беа надлежностите на Агенцијата за храна и ветеринарство во делот на ГМО храната, како и основите за регулирање на производството и одредбите за заштита на животната средина кои се во надлежност на други државни институции.
Отворени нови ЕУ перспективи и за месната индустрија
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес оствари работна средба со менаџерскиот тим на месната индустрија ,,Пекабеско,, која кон крајот на минатата година доби одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство за извоз на производи од говедско и свинско месо на европскиот пазар. Со одобрувањето, оваа компанија стана деветнаесетти објект кој има добиено број за извоз на европскиот пазар и се наоѓа на листата на одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Република Северна Македонија.
АХВ отворена за подобрување на текстот на измените на Законот за заштита и благосостојба
Заокружување на концептот на одговорното сопствеништво во Република Северна Македонија и решавање на проблемот со бездомните кучиња преку подобрување и унапредување на текстот на измените на Законот за заштита и благосотојба на животните кој наскоро треба да се најде во собраниска процедура, беше тема на денешниот работен состанок кој директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов го одржа со претставници на релевантни здруженија од областа на кинологијата.