
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Хрватскиот Институт за ветеринарство ќе ги сподели искуствата за отворање на преговорите со ЕУ
Пренесување на искуствата во процесот на отворањето на преговорите за членство на Република Хрватска во Европската унија во делот на ветеринарството, состојбата со безбедноста на храната од животинско потекло во оваа земја, презентирање на поставеноста на хрватскиот Ветеринарен институт во системот на здравствена заштита на животните со поставување на основите на идната соработка со македонската Агенција за безбедност на храната, се темите на кои дискутираа на денешната средба, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и првиот човек на Хрватскиот ветеринарен институт , проф Д-р Борис Хабрун.
Се унапредува соработката меѓу македонската и бугарската институција за безбедност на храната
Унапредување на соработката на македонската и бугарската институција за безбедност на храната на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните беа дел од темите на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Иваило Стефанов, економски советник во Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија.
Реализирана регионалната обука за справување со радиолошки и нуклеарни кризи
Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка од Меѓународната агенција за атомска енергија, денес ја заокружи реализацијата на двонеделната Регионална обука за опциите за управување при справување со радиолошки и нуклеарни кризи во системите за производство на животните. Директорот на Агенцијата Зоран Атанасов, на учесниците им додели сертификати за учество и се заблагодари за активната вклученост во реализацијата на обуката, која ја водеа експерти од Белорусија и Украина, изразувајќи надеж дека стекнатите знаења на обуката, учесниците ќе ги применат во нивните земји.
Заврши симулациската вежба за справување со болеста Лигавка и шап
Со поддршка на Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство денес, во Струмица, успешно ја реализира Симулациската вежба за лигавка и шап.Преку теоретскиот и практичниот дел од вежбата кој се реализираше на краварска фарма, со помош на експерт од ЕуФМД, стручни лица од секторите за инспекциски надзор, за здравствена заштита и благосостојба на животните, официјални ветеринари, претставници од лабораторијата при Факултетот за ветеринарна медицина, од македонската ветеринарна комора и од ветеринарните друштва, извршија тестирање на и зајакнување на воспоставениот систем и мерките за контрола и справување со болеста Лигавка и шап.