Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЗДРАВСТВЕНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ОЛИГОСАХАРИДИ ВО ХУМАНОТО МЛЕКО (HMOs) СО АКЦЕНТ НА 2'FL (2' ФУКОЗИЛ ЛАКТОЗА)

Мајчиното млеко универзално е прифатено како најсоодветна исхрана за доенчиња и се верува дека е поврзано со други здравствени придобивки за доенчето. Мета-анализи за здравствените придобивки од доењето во развиените земји беа објавени од Холандскиот државен институт за исхрана и здравје и Американската Агенцијата за истражување и квалитет на здравствената заштита, Американското Министерство за здравство и човечки услуги. Доењето е убедливо поврзано со помал ризик од гастроинтестинални инфекции и акутен отитис медиа (воспаление на средното уво), а извесно заштитно дејство има и во однос на респираторните инфекции. Европското здружение за педијатриска гастроентерохепатологија и исхрана (ESPGHAN) заклучило во своите анализи дека доењето е поврзано со намален ризик од заразна дијареа и AOM како најдобро документирани здравствени придобивки од доењето (ESPGHAN, 2009). Која било форма на доењето го намалува ризикот од воспаление на средното уво во првите две години од животот (Боват, 2015). Ексклузивното доење во првите 6 месеци е поврзано со најголем заштитен ефект.

Човечкото млеко не е униформа телесна течност туку е секрет на млечната жлезда со состав кој варира и токму олигосахаридите (HMOs) се една од примарните разлики во составот помеѓу мајчиното млеко и формулата за доенчиња. Фукозил лактозата (2'FL) е најзастапениот HMO бидејќи сочинува скоро 30% од вкупните HMOs (моларни концентрација). Нивоата на 2'FL во мајчиното млеко се движат од 0 до над 8 g/L со просек од 2,4 g/L и придобивките се модификација на цревната микробиота, антиадхезивни антимикробни својства, модулација на одговорот на цревните епителни клетки (ентероцити) и имунолошка модулаторна улога.

Во мислењето на ЕFSA од 29.06.2015  наведено е дека врз основа на научните и техничките информации  „2'FL е безбеден за доенчиња (до една година) кога се додава во формулата за доенчиња и последователни формули, во комбинација со лакто - N - тетраоза (LNnT), при концентрации до 1,2 g/L од 2’FL и до 0,6 g/L LNnT, во сооднос 2:1 во реконституираните формули; истиот е безбеден за мали деца (постари од една година) кога се употребува за последователна формула и формула за мало дете, во концентрации до 1,2 g/L на 2'FL (сам или во комбинација со LNnT, во концентрации до 0,6 g/L, во сооднос 2:1)“ (EFSA, 2015). Врз основа на ова мислење од ЕФСА, Европската комисија (ЕК) издаде регулатива со која се овластува пласманот на пазарот на 2’FL како новел храна (ЕК, 2016а). Американската Агенција за храна и лекови (FDA) заклучи дека „Врз основа на информациите обезбедени од студијата на Glycom, како и други достапни информации до FDA, 2'-FL е генерално се смета како безбеден (GRAS) според предвидените услови за употреба".

Во овој документ наведено е медицинското образложение од корисноста од мајчиното млеко и ексклузивното доење, најчесто застапените HMOs , нивниот метаболизам, детално се наведени корисните ефекти и позитивнатата проценка за безбедноста во формулите за доенчиња и последователните формули.

Автор на овој адаптиран документ: "ЗДРАВСТВЕНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ОЛИГОСАХАРИДИ ВО ХУМАНОТО МЛЕКО (HMOs) СО АКЦЕНТ НА 2'FL (2' ФУКОЗИЛ ЛАКТОЗА)", е Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).