Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Здравствени информации со здравствена проценка на FODMAPs или ферментирачки олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли во диетите кај воспалителните цревни болести – IBD и аnorexia nervosa

FODMAPs или ферментирачки олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли се јаглехидрати со краток синџир кои слабо се апсорбираат во тенкото црево и се склони да апсорбираат вода и ферментираат во дебелото црево. Тие вклучуваат кратки синџири на олигосахаридни полимери на фруктоза (фруктани) и галактоолигосахариди (GOS, стахиоза, рафиноза), дисахариди (лактоза), моносахариди (фруктоза) и шеќерни алкохоли (полиоли), како што се сорбитол, манитол, ксилитол и малтитол. Повеќето FODMAPs се природно присутни во храната и човечката исхрана, но полиолите може да се додаваат вештачки во комерцијално подготвената храна и пијалоци.

Во овој документ се дефинирани FODMAPs, изворите во храната, нивниот диететски ефект врз природните пребиотици, цревната микробиота и метаболом, цревниот мотилитет, нивната нутритивна и диетеска адекватност и поврзаноста, ефектот од експерименатлни студии со инфламаторните цревни заболувања (Кронова болест и улцерозен колитис), како и со нарушувањата во исхраната - anorexia nervosa. Дополнително детално се објаснети овие две инфламаторни цревни заболувања (етиопатогенеза, имунологија, генетика, патохистолошки  и макроскопски карактеристики, генерални клинички манифестации и општи принципи на терапија), како и анорексијата.

Овој документ, е изработен и систематизиран од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).