Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Здравствена безбедност со проценка на ризик од диететска експозиција на катехини присутни во зелен чај

EFSA Научниот Панел за прехранбени адитиви и извори на нутриенти што се додаваат на храната (Panel on Food Additives and Nutrient Sources Added to Food - АNS) на барање на Европската Комисија направил проценка  на ризик и заклучил дека катехините од инфузиите на зелен чај, подготвени на традиционален начин и реконституирани како пијалоци со еквивалентен состав со традиционалните инфузии на зелен чај, генерално се сметаат за безбедни според презумпцијата за безбеден пристап, согласно пријавените диетески внесови во земјите членки на ЕУ. Сепак, ретки случаи на црнодробно оштетување се пријавени после потрошувачка на инфузии на зелен чај, најверојатно како резултат на идиосинкратична реакција.

Идиосинкратично црнодробно оштетување предизвикано со лекови (Idiosyncratic Drug Induced Liver Injury - IDILI) е термин што се користи за да ги дефинира оние несакани реакции спрема лекови и други ксенобиотични супстанции, вклучувајќи ги растителните и диететските додатоци, што не се јасно поврзани со дозата, начинот на внесување или времетраењето на внесувањето на лекот. Иако не се поврзани со дозата во стриктна смисла, овие реакции на големо настануваат после експозиција на лекови и може да се јават или после повторувачко изложување или надминување на прагот на дозата што на широко варира помеѓу индивидуите.

Идиосинкратскиот хепатитис може да резултира со клиничка и морфолошка слика што не се разликува од вирусниот хепатитис. Таканаречената хепатоцелуларна повреда е најчеста форма, која се карактеризира со петнеста некроза во лобулите на црниот дроб со претежно лимфоцитен инфилтрат што наликува на оној забележан кај акутен хепатитис А, Б или Ц. Морфолошките промени може да вклучуваат и ограничена хепатоцелуларна лезија, воспалителна холестаза преку склерозирачки холангитис, до исчезнување на жолчните канали, „дуктопенична“ холестаза, хепатални грануломи, макровезикуларна или микровезикуларна стеатоза или стеатохепатитис, вено-оклузивна болест, нодуларна регенеративна хиперплазија и други патохистолошки промени.Повлекување на осомничениот агенс е индициран при првиот знак на несакана реакција или кога нивоата на аминотрансферазната активност достигнуваат пет пати поголеми вредности од горната граница на нормалата. Третманот е супортивен, иако се даваат и кортикостероиди и урзодезоксихолна киселина.

Засновано на расположливите податоци за потенцијални несакани ефекти на катехини од зелен чај врз црниот дроб, Панелот понатаму заклучил дека постои доказ од интервенциски клинички студии дека внесот на дози еднакви или повисоки од 800 mg EGCG/дневно земени како додатоци на храната статистички сигнификантно ги зголемуваат серумските трансаминази (АST, ALT) кај третираните субјекти споредено со контролата. Панелот заклучил дека не било можно да се утврди доза на EGCG од екстракти на зелен чај што би можеле да се сметаат за безбедни. Од прегледаните клинички студии не постои доказ за хепатотоксичност во вредност пониска од 800 mg EGCG/дневно за период до 12 месеци. Панелот забележал дека нивото од 800 mg EGCG/дневно е надвор од опсегот на просечниот дневен внес на EGCG (90-300mg/дневно) во согласност со потрошувачка на инфузии на зелен чај во ЕУ. Сепак, ова ниво на диететска експозиција припаѓа во горниот ранг (300-866mg/дневно) на изложување од страна на големите потрошувачи на инфузии на зелен чај во ЕУ во возрасната популација.

Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран и надополнет од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).