Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и триесеттина вработени во Агенцијата, денес со доброволно дарување крв ја потврдија својата хуманост и беа дел од крводарителната акција која се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство. Акцијата се реализира во организација на Црвениот крст на општина Центар и Заводот за трансфузициона медицина.
Денешнава, е втора акција за доброволно дарување на крв која се одржа годинава во Агенцијата за храна и ветеринарство, како дел од Годишниот план на крводарителни акции на Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст.
Категорија