Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Искористување и нештетно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло

Категорија 1 материјал

Можете да ги искористите / нештетно да ги отстраните само со:

  • Инсинерација или ко-инсинерација во одобрена постројка;
  • Обработка користејќи методи на обработка 1-5 проследено со трајно означување со користење на глицеролтрихептаноат (GTH), потоа отстранување со горење или согорување;
  • Стерилизација под притисок (освен можни случаи на ТСЕ или животни убиени под законите за искоренување на ТСЕ) проследено со трајно обележување, потоа отстранување во депонија;
  • Користејќи ги како гориво за согорување во одобрена постројка за согорување;
  • Доколку е меѓународно угостителски отпад, испраќајќи ги за закопување на овластена депонија.

 

Категорија 2 материјал

 

Можете да ги искористите / нештетно да ги отстраните само со:

  • Согорување или ко-инцинерација без обработка или со претходна обработка, со обележување на добиениот материјал со GTH;
  • Испраќајќи ги до овластена депонија по обработката со стерилизација на притисок и означување со GTH;
  • Тансформација во органски ѓубрива / подобрувачи на почвата, по обработката и означувањето со GTH;
  • Компостирање или анаеробна дигестија по преработка со стерилизација под притисок и означување со GTH (млеко, млечни производи, јајца, производи од јајца, содржина на дигестивниот тракт и ѓубривото не треба да се преработуваат, доколку се без ризик од ширење на сериозна пренослива болест);
  • Во случај на ѓубриво, содржина на дигестивниот тракт, млеко, производи од млеко и колострум со нивна примена на почва без претходна преработка;
  • Користење во компостирање или анаеробна варење, ако се материјал што доаѓа од водните животни;
  • Користење како гориво за согорување;
  • Користење за производство на одредени козметички производи, медицински помагала или техничка употреба.

 

Категорија 3 материјал

 

Можете да ги искористите / нештетно да ги отстраните само со:

  • Согорување или горење;
  • Испраќајќи ги на депонија со претходна преработка;
  • Доколку тие не се распаднати или расипани, со претходна преработка да се користат во производство на храна за домашните животни (онаму каде што е дозволено со прописите на TSE / НПЖП);
  • Со претходна преработка во производството на храна за домашни миленици;
  • Со претходна обработка и нивно користење во производството на органски ѓубрива и подобрувачи на почвата;
  • Користење во компостирање или анаеробна дигестија;
  • Доколку се со потекло од водни животни, со силирање;
  • Нивна примена на почвата како ѓубриво (во одредени случаи);
  • Користење како гориво за согорување;
  • Користење за козметички производи или медицински помагала.

 

Законодавство:

 

  • Правилник за начинот на собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло и техничко – технолошките услови кои во поглед на објектот, опремата и кадарот треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат собирање и нештетно отстранување на нус-производите од животинско потекло кои и технички – технолошките услови што треба да ги исполнуваат превозните средства за превоз на нус-производи од животинско потекло;
  • Правилник за начинот и постапката за спроведување на исклучоците во однос на отстранување на нус-производите од животинско потекло;
  • Правилник за посебните технички услови за постапување и нештетно отстранубвање на специфично ризичниот материја;
  • Правилник за начинот и постапката за спроведување на исклучоците во однос на употребата на нус-производите од животинско потекло;
  • Правилник за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забрание за употреба на одредени нус-производи во исхраната на животните, како и посебните услови кои треба да ги исполнуваат нус-производите во исхрана на животните при увоз и извоз.

Закон за нус производи од животинско потекло [врска]