Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Здравствена проценка на ризик и здравствена безбедност на аспартамот (адитив присутен во храната - Е 951)

Aспартамот, како адитив во храната (Е 951) и неговите хидролизирани метаболити се  предмет на континуирана екстензивна инвестигација преку изведување на експериментални анимални, клинички и епидемиолошки студии на луѓе, како и континуирано следење на ефектите по човековото здравје.

Во јули 2023 година беше објавена здравствената проценка по безбедноста на луѓето од засладувачот без шеќер - аспартам од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) и Светската здравствена организација (СЗО) и Заедничкиот експертски комитет за адитиви во храната на Организацијата за храна и земјоделство (FAO/JECFA). Цитирајќи „ограничени докази“ за канцерогеност кај луѓето, IARC го класифицираше аспартамот како евентуално канцероген за луѓето (IARC група 2B) и JECFA го потврди претходно утврдениот прифатлив дневен внес (ADI) од 40 mg/kg телесна тежина на ден.

Комитетот на експерти за адитиви во храната на СЗО/ФАО/JECFA утврди дека  проценетата диететска изложеност на аспартам за 50-та перцентила (просечни потрошувачи) до 10 mg/kg телесна тежина на ден за деца и 5 mg/kg телесна тежина на ден за возрасни и за висока диететска изложеност (на 99-та перцентила) до 20 mg/kg телесна тежина на ден за деца и 12 mg/kg телесна тежина на ден за возрасни, не ја надминаa горенаведената вредност на ADI. Затоа Комитетот заклучи дека диететската изложеност на аспартамот не претставува јавноздравствена грижа.

Овој научно-заснован документ ги содржи сите 4 чекори на проценката на ризик од адитивот - аспартам во храната, вклучувајќи идентификација на ризикот - хемиското соединение, карактеризација на ризикот (несакани ефекти по човековото здравје - невролошки заболувања, карциноми, репродуктивни ефекти, метаболни пореметувања, како и негова рестрикција во диетата кај фенилкетонуријата), проценка на експозиција - диететската експозиција од аспартам во различни популациони групи на потрошувачи со концентрацијата во различни категории храна и нивниот процентуален придонес во вкупната диететски внес и карактеризација на ризик - финален заклучок за безбедноста по јавното здравје и потрошувачите.

Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран, ажуриран со најнови научни податоци од релевантна стручна литература, други и сопствени трудови/стручни публикации и монографии, како и научни мислења од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).