Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Проценка на ризик и труења со храна во Република Северна Македонија (PPT слајдови - 2018)

Проценката на ризик како дел од анализата на ризик е научно-заснoвана евалуација на познатите или потенцијалните несакани ефекти што резултираат од изложување на луѓето на опасности што потекнуваат од храната. Се состои од четири последователни чекори: идентификација на опасноста, карактеризација на опасноста, проценка на експозиција (диететска експозиција,експозициона статистика, моделирање со софтверски алатки) и карактеризација на ризик. Микробиолошката проценка на ризик се разликува од проценката на ризик од хемиски опасности (токсиколошка проценка на ризик). Нутритивната проценка на ризик е сосема поинаква проблематика.

Дополнително презентирани се обработени статистички податоци од регистрирани труења со храна за 2018 со основните карактеристики на истите во однос на причинителот (етиолошкиот агенс). Во овој документ од научно-дидактички и статистичко-епидемиолошки карактер е пренесено знаењето стекнато од повеќе посетени високоспецијализирани обуки за проценка на ризик организирани од Европската Комисија - DG SANTE BTSF, Германскиот Федерален Институт за проценка на ризик - BfR од Д-р Виктор Арсов, дипломиран доктор на медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка и комуникација на ризик по човековото здравје од опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР), во текот на речиси 18-годишното работно искуство во проблематиката.