Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕFSA (ЕФСА) научно мислење за зеленото киви (lat. actinidia deliciosa var. hayward) и одржувањето на нормалната дефекација и примената со FODMAP's во диететски третман на запек kaj синдром на иритабилно црево (IBS)

Синдромот на иритабилно дебело црево (IBS) е функционално нарушување на дебелото црево и се карактеризира со абдоминална болка или непријатност и променетo дебелоцревно празнење во отсуство на забележливи структурни абнормалности. Нема јасни дијагностички маркери за IBS и затоа дијагнозата на нарушувањето се заснова на клиничката слика. Во 2016 година, етаблираните Рим III критериуми за дијагнозата на IBS беа ажурирани во Рим IV. Низ целиот свет ~ 10-20% од возрасните и адолесцентите имаат симптоми што одат во прилог на IBS. Симптомите на IBS имаат тенденција да доаѓаат и да си одат со текот на времето и често се преклопуваат со други функционални нарушувања како што се фибромијалгија, главоболка, болки во грбот и генитоуринарни симптоми. Тежината на симптомите варира и може значително да го наруши квалитетот на живот, што резултира со високи трошоци за здравствена заштита и здравствениот систем. Променет гастроинтестинален (ГИ) транзит, висцерална хипералгезија, нарушување на интеракцијата мозок-црево, абнормални централни процеси, автономни и хормонални нарушувања, генетски и еколошки фактори и психосоцијални нарушувања се различно вклучени и застапени во патогенезата, во зависност од поединецот.

Промената на празнењето на дебелото црево е најмногу конзистентна клиничка карактеристика кај IBS. Најчесто болеста оди со запек наизменично комбиниран со дијареа, пришто едното преовладува. На почетокот, запекот може да биде епизоден, но на крајот, станува континуиран и сè порефракторен кон третман со лаксативи. Столицата е обично тврда со стеснет калибар, што веројатно ја одразува прекумерната дехидрација предизвикана од продолженото задржување на цревната содржина во дебелото црево и придружниот спазам. Повеќето пациенти исто така доживуваат чувство на нецелосна евакуација, што доведува до повторени обиди за дефекација во краток временски период. Пациентите чии доминантен симптом е запек може да имаат со недели или месеци запек испрекинат со кратки периоди на дијареа.

Диета со ниска содржина на ферментабилни олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли (Low-FODMAPs) се покажа дека помага кај IBS пациентите, првенствено за решавање на гасовите и надуеноста (метеоризмот).

Панелот за нутриција, диететика и алергии на ЕФСА, во своето научно мислење ја потврдил причинско-последичната поврзаност помеѓу конзумацијата на зеленото киви и одржувањето на нормалната дефекација.

Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран со медицински најнови податоци за синдромот на иритабилно црево, Low-FODMAPs диетата, со инклузија  на  научното мислење  од ЕФСА NDA Панелот за здравствените ефекти на зеленото киви, од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).