Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ПРЕПОРАКИ ОД АХВ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ И ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

31.07.2017
Агенција за храна и ветеринарство

АХВКалендарски се наоѓаме на почеток на летото, во период во кој се очекува пораст на температурите над 30 степени Целзиусови, што за секое животно претставува исклучително голем стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.
Доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да дојде до појава на топлотен удар кај животните. Сончаницатасе појавува како последица на непосредно, директно изложување на сончевото зрачење. Во двата случаи исходот може да биде фатален доколку не се делува на време.

Топлотниот удар се јавува во момент кога организмот не може да одава топлина туку дополнително прима од надвор (висока надворешна температура и висока концентрација на влажност на воздухот). За оваа состојба дополнително придонесува напорната работа или транспортот на животните при висока температура.
Симптомите се препознатливи, а се манифестираат во облик на забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, анурија, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза.
Времето на појава на првите симптоми зависи од надворешната температура, влажноста на воздухот и вентилацијата, како и од состојбата на самиот одбранбен механизам на животните.
Доколку се забележат такви симптоми кај животните, потребно е итно да се реагира. Животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на воздух. На животното треба да му се даде доволна количина на свежа вода, а телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа ( бидејќи мозокот и продолжениот мозок се најкритични), но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.
Сопствениците на домашни миленици мора да се придржуваат на неколку правила како би спречиле несакани последици од топлотен удар. Прво и основно правило е да не се оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на сончевите зраци, да се избегнуваат прошетки на домашните миленици во текот на најтоплиот период од денот.

За да се спречат несакани појави како резултат на високите температури потребно е:
-На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода;
-Животните да се држат во проветрени простории (отворање на сите прозори и употреба на вентилација како и уреди за разладување);
-Да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите
-Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончеви зрачења односно на испустите да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински часови или вечерните часови;
-Транспортот на животни да се организира во раните утрински часови или вечерни часови кога температурите се ниски;
-Животните кои се наменети за работа да се користат во раните утрински часови или вечерните часови кога температурите се ниски.

Категорија