Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Планирање и координирање на обуките

Одделението за ОУЧР има за цел да го утврди начинот на спроведување на потребните активности за обука на вработените со цел да се обезбеди повисоко ниво на компетентност за извршување на работните задачи кои влијаат на квалитетот на услугите на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одделението ги презема обуките од Секторот за ЕУ и меѓународна соработка и ги проследува до сите вработени во АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува три вида на обуки: меѓународни, генерички и интерни обуки.
Секој вработен кој е заинтересиран за посета на меѓународна обука поднесува пријава за интерес на меѓународна обука, се изготвува список со заинтересирани кандидати кој се доставува до нивните раководители и директорот. Се врши селекција на вработени и се номинира кандидат кој е соодветен за дадената обука. Избраниот кандидат заминува на патување со претходно изготвени документи:

  • Решение за службено патување
  • Патен налог
  • Патничко осигурување

По завршување на обуката вработениот задолжително треба да достави до одделението за ОУЧР извештај за исход од обуката, сертификат и материјал.

-МИОА согласно годишната програма за обука, доставува барање до АХВ за номинација на лица за учество на генерички обуки. Одделението за управување со човечки ресурси изготвува, Потврда за присуство на обука до МИОА, со која се номинира лице за присуство на обука, од редот на вработените во АХВ.
На интерните обуки се одржуваат предавање и презентации од страна на вработени кои посетиле обука од соодветна област, раководителите, претставници од меѓународни проекти и др.
Дополнително може да се организираат вонредни обуки зависно од потребите кои произлегуваат од измени на закони, воведување на нови методи, имплементација на стандарди, промена на опсег на работа итн. Одделението за ОУЧР изготвува Годишен план за обуки согласно добиените податоци од стана на вработените.