Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одобрување и регистар на објекти

За да се регистрира институцијата треба до агенцијата да поднесе Барање за регистрација на институции за одгледување или снабдување со експериментални животни и институции корисници кои вршат експерименти со животни и соодветната дополнителна документација:
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постар од шест месеци;
- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист). Доколку објектот е сопственост на друго правно или физичко лице во прилог се доставува и договор за закуп со дефинирани услови на работење;
- Техничко-технолошки елаборат;
- Список на опремата со главни технолошко-технички карактеристики (статична и подвижна опрема, капацитет, работен режим и др.);
- Приказ на организацијата на работата и биланс на работната сила (број на вработени со систематизацијата-опис на работни места, односно назначени лица за грижа на животните и функционирање на опремата);
- Доказ за обезбедена здравствена заштита на животните од страна на Доктор по ветеринарна медицина;
- Список на санитарни уреди и на мерките што се применуваат за санитарна заштита на објектот, опремата (санитарни простории со начин на чистење, перење и дезинфекција, дезинсекција и дератизација, опрема и средства за извршување на санитационите активности, контролни мерки и евиденција на спроведеното;
- Опис на системот на собирање и одстранување на отпадните материи (нуспроизводи од животинско потекло и отпадните води) и
- Доказ за нивото и видот на обуки кои ги имаат посетувано одговорните лица и лицата кои се грижат за животните неопходни за извршување на нивните работни задачи.

Регистрирани институции корисници кои вршат експерименти со животни во Република Северна Македонија се:

1. Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, адреса Ул. 50-та дивизија бр. 6 1000 Скопје во сопственост на Медицински факултет Скопје-Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија со седиште на Ул. 50-та дивизија бр. 6 1000 Скопје. 
Вид на животни кои се држат се: Глушец (Lat. Mus Musculus); Стаорец (Lat. Rattus Norvegicus)

2. Природно-математичкиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, адреса Ул. „Гази Баба“ бб Скопје во сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. 
Вид на животни кои се држат се: Глушец (Lat. Mus Musculus); Стаорец (Lat. Rattus Norvegicus)

3. ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија со седиште на ул. 50-та Дивизија бр. 6, Скопје. Вид на животно коe се држи: Зајак (Lepus curapaeums).

* Обновено на 05.10.2015