Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за заштита на потрошувачи

Одделението за заштита на потрошувачи е воспоставено во системот за безбедност на храна во 2007 година, со цел унапредување на политиката за заштита на потрошувачите во областа на храната и зголемување на довербата на граѓаните во овој систем. Од тогаш ова одделение станува и дел од системот за заштита на потрошувачи во државата.

 

Придобивките се однесуваат на обезбедување на повисоко ниво на заштита на потрошувачите преку подигање на свеста на македонските граѓани во врска со правата и обврските во областа на храната. За приоритетни активности се сметаат информирање, советување, едукација, унапредување на комуникацијата со сите заинтересирани страни, јавноста, невладиниот сектор, бизнисите, институциите, вклучувајќи ги и потрошувачите. Унапредување на заштитата на потрошувачите и заштита на интересите на потрошувачи претставува главна цел за која се врзуваат сите активности на ова одделение.

 

Активности

  • Донесување на планови за работа /годишни, стратешки, програмски../ и изготвување на извештаи;
  • Изготвување и реализирање на програми за едукација по прашањата врзани за храната и исхраната на различни популациони групи;
  • Донесување и реализација на националните програми за заштита на потрошувачите;
  • Постојана соработка и учество на проекти со невладиниот сектор, кој лобира по прашањата врзани за потрошувачките права во областа на храната, како и со други институции кои имаат надлежности во заштита на потрошувачите, со цел јакнење на мрежата за заштита на потрошувачите во државата;
  • Активности поврзани со одбележување на:
    • Светскиот ден на здравјето;
    • Светскиот ден на потрошувачите;
    • Светскиот ден на храната.
  • Активности врзани за работа во Координативното тело за надзор над пазарот, Активности врзани за Поглавје 28, Заштита на потрошувачи и здравје, каде се бележи напредокот во областа потрошувачи и здравје;
  • Активности во донесување на прописи и стратегии кои се однесуваат на заштита на потрошувачите;
  • Активности врзани за работа во комисии:
    • Комисија за здравствени тврдења и нутритивни информации;
    • Комисија за овластување на правни лица за спроведување на обуки за безбедност на храна;
    • Комисија за исхрана во ОПМ;
  • Давање на стручна поддршка и мислења;
  • Планирање и реализација на истражувања;
  • Активности врзани со претставки од граѓани;
    • Примање на претставки, преслушување на бесплатната телефонска линија, распоредување за постапување по истите;
    • Водење на базата податоци по претставки и предлози од граѓани;
    • Анализа на податоците од базата по претставките и предлозите;
    • Изготвување на евалуација во врска со постапувањата по претставките и предлозите, која содржи препораки за планирање активности;

Ова Одделение беше еден од иницијаторите за воспоставување на бесплатната телефонска линија, која се користи како една од алатките за комуникација со граѓаните.

Граѓаните може да пријават неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните и да дадат предлози за унапредување на работата на Агенцијата. Јавувањата на граѓаните се снимаат. Потрошувачите можат да останат анонимни, а доколку остават податоци (име и презиме, адреса и телефонски број за контакт) од Агенцијата за храна и ветеринарство добиваат писмено известување.

0800 3 2222