Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за управување на систем за квалитет

Одделението за управување на систем на квалитет функционира во рамките на Секторот за стрчна поддршка во АХВ. Основната улога на одделението е имплементирање, одржување и континуирано подобрување на системите за квалитет во агенцијата. АХВ за прв пат беше сертифицирана во 2014 година согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008, а во 2018 година следеше и процес на ресертификација на системот за менаџмент со квалитет согласно новите барања во стандардот ISO 9001:2015 со цел континуирано подобрување и поефективно  и поефикасно извршување на работните процеси.

Одделението во рамките на своите надлежности дава стручно техничка поддршка и соработува со сите организациски единици во АХВ преку дефинирање на цели за квалитет, активности на ревидирање на документацијата согласно барањата на стандардот, интерни проверки, изготвување на извештаи од интерни проверки, утврдување на неусогласености, дефинирање корективни мерки, дефинирање и евалуација на ризици, анализа на задоволството на корисниците на услугите на АХВ, преиспитување на контекстот на организацијата, спроведување на процес на преиспитување на врвното раководство, како и спроведување на редовна и ресертификациска проверка на системот за менаџмент со квалитет со учество на надворешно сертификациско тело.

Одделението ги следи сите новини и достигнувања во областа на системите за квалитет.