Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за меѓународна сооработка и комуникација

Одделението за меѓународна соработка и комуникација е надлежно за спроведување активности кои се поврзани со планирање на инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА) согласно приоритетите и потребите на Агенцијата, програмирање на инструментите за претпристапна помош на ЕУ, координација на подготовка на проекти, имплементација, следење на имплементацијата и еваулација на проекти и следење на друга странска помош и обезбедување на комплементарност, координација, мониторинг и евалуација на активностите за пристапување во ЕУ.

Одделението за меѓународна соработка и комуникација е одговорно за спроведување на официјалната комуникација која се одвива помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и институциите на Европската унија надлежни за Поглавје 12 - безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Европската агенција за безбедност на храна, Светската организација за здравствена заштита на живоните, Кодекс Алиментариус и сите други меѓународни иституции и билатерална соработка со надлежни органи на други земји.

Во рамките на надлежностите на Одделението за меѓународна соработка и комуникација се и следните активности:

  • координација во идентификување и формулирање на проектни задачи во однос на обезбедување на техничка помош од други меѓународни организации и фондови како и билатерални донации;
  • следење, координација и управување со спроведувањето на техничката помош и реализацијата на проекти во Агенцијата за храна и ветеринарство и други национални институции опфатени со Поглавје 12, а кои се обезбедени преку меѓународни донатори;
  • координација и учество на меѓународни настани и состаноци на меѓународни и билатерални донатори за планирање и реализација на проекти;
  • обезбедување единственост на техничка помош која се реализира од страна на меѓународни донатори;
  • насочување и поддржување на работата на странските експерти ангажирани на краткорочен, среднорчен и долгорочен период обезбедени од меѓународни инстуитуции/ донатори;
  • координација и организација на работилници и презентации, согласно потребите и организира и учествува на семинари во организација од страна на меѓународни и билатерални донатори;
  • координирање активности за обука при планирањето на техничката помош од различни меѓународни инстуитуции/ донатори;
  • координација и организација на подготовка, изработка, потпишување и спроведување на билатерални договори;
  • комуникација и коресподенција со служби на други земји надлежни за безбедност на храната и ветеринарната политика.