Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за комуникација на ризик и РАСФФ

Во рамките на Секторот за проценка и комуникација со ризик функционира одделението за комуникација со ризик и РАСФФ. Главната активност на ова одделение произлегува согласно одредбите на Законот за безбедност на храната, според кој: Одделението за комуникација со ризик и РАСФФ извршува работи како контакт точка со системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ. Преку апликацијата „RASFF Window“ – од RASFF системот на ЕУ одделението редовно прима известувања за небезбедна храна кога станува збор за небезбедна храна која е увезена, или пак по потекло е од нашава земја. Во таа насока по добивање на податокот за небезбедна храна и храна за животни информацијата се доставува до Сектор за инспекциски надзор. По спроведените мерки и активности од страна на надлежни инспектори на овој сектор ова одделение подготвува одговор, кој се доставува до Канцеларијата на ЕУ во РМ, а електронски до ЕУ РАСФФ тимот во Брисел. Согласно со надлежностите одделението работи на воведување на систем за брзо предупредување во Република Северна Македонија. За таа цел, почнувајќи од март оваа година отпочна со функција софтверската апликација МК РАСФФ систем. Преку овој систем планирано е да се обезбеди брз проток на информации внатре во системот на службени контроли, како и брзо и навремено преземање на потребните контролни активности и/или мерки. Во насока на преземање мерки за транспарентно информирање и заштита на потрошувачите во однос на утврдени ризици по однос на небезбедна храна и храна за животни, а за која постои основано сомнение дека е опасна по здравјето на човекот одделението ги пласира следниве информации: