Одделение за храна произведена со иновирани технологии и јонизирачко зрачење

Одделение за храна произведена со иновирани технологии и јонизирачко зрачење, други видови храна, ги врши следните работи:

  • Ја следи европската легислатива  за храна произведена со иновирани технологии  и предлага измени на националната легислатива,
  • подготвува одобренија  за храна и состојки на храна произведена со иновирани технологии кои за прв пат се ставаат во промет во Република Северна Македонија
  • води регистри за одобрена храна произведена со иновирани технологии во печатена и електронска форма.
  • Ја следи европската легислатива  за храна произведена со јонизирачко зрачење   и предлага измени на националната легислатива,
  • подготвува одобренија  за храна со јонизирачко зрачење која за прв пат се става во промет  во Република Северна Македонија,
  • води регистри за одобрена храна произведена со јонизирачко зрачење во печатена и електронска форма.
  • Ја следи европската легислатива  за минерални води  и предлага измени на националната легислатива,
  • подготвува одобренија за минерални води кои за прв пат се ставаат во промет  во Република Северна Македонија,
  • подготвува одобренија за пакувани минерални води кои за прв пат се ставаат во промет во Република Северна Македонија,
  • води регистри за одобрени минерални води во печатена и електронска форма,
  • учествува во подготовка на подзаконски акти за храна произведена со иновирани технологии и јонизирачко зрачење, природни минерални води, изворски води и пакувани води и други видови храна,
  • учествува во подготовката на мониторинг програма за безбедноста на  храна произведена со иновирани технологии и јонизирачко зрачење и други видови храна која е предмет на работа на Одделението,
  • соработува со научни институции за прашања поврзани со храна која е предмет на работа на Одделението,
  • доставува информации за регистрирани видови храна и новини поврзани со овие видови храна до администраторот на веб - страната на Агенцијата,