Одделение за генетски модифицирана храна

Одделението за генетски модифицирана храна, ги врши следните работи:

  • Претставува контакт точка на РМ за ГМО храна - платформата на FAO;
  • ја следи европската легислатива за ГМО храната и предлага измени на националната легислатива;
  • учествува во подготовка на подзаконски акти за ГМО храна;
  • учествува во подготовката на мониторинг програма за безбедноста на ГМО храна и во анализа на резултатите од спроведувањето на контролата на ГМО храната во РСМ;
  • доставува информации за регистрирани видови ГМО храна и новини поврзани со овие видови храна до администраторот на веб - страната на Агенцијата;
  • соработува со научни институции за прашања поврзани со храна која е предмет на работа на Одделението;
  • учествува во подготовка на национален контролен план за ГМО во делот на ГМО храна;
  • води регистри за одобрена ГМО храна во печатена и електронска форма.