Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за ЕУ легислатива и европска интеграција

Одделението за ЕУ легислатива и европска интеграција е надлежно за спроведување на активностите поврзани со процесот за приближување на Република Северна Македонија кон Европската унија за областите во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство. Подготовката на НПАА, координацијата и мониторингот на усогласувањето на националното законодавство со EU acquis како и проценката на степенот на усогласеност се исто така дел од надлежностите на Одделението за ЕУ легислатива и европска интеграција.

Во рамките на надлежностите на Одделението за ЕУ легислатива и европска интеграција, се спроведуваат следниве активности:

  • следење и анализа на правото на Европската унија, како и за давање предлози за донесување закони и други прописи и општи акти врз основа на што го организира, координира и имплементира процесот на хармонизација на националното законодавство со правото на ЕУ во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика;
  • организирање, координација и спроведување на процесот на усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика;
  • координирање и подготовка и следење на степенот на усогласеност на законодавството од надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство со релевантното законодавство на Европската унија;
  • редовно ажурирање на архива на процесот на усогласување на националните правни акти со правото на ЕУ, координација, мониторинг и евалуација на активностите за изготвување на национални правни акти согласно ЕУ правото;
  • подготвува и учествува во ЕУ скрининг процесот, дава поддршка во насока на преговорите;
  • учествува во подготвувањето на извештаите за ЕУ, како и во процесот на преговори со ЕУ;
  • спроведува активности од областа на поддршка на процесот на ЕУ интеграција и преговори за пристапување, планирање, координација на реализација и мониторинг на НПАА, имплементација на Спогодбата на стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Република Северна Македонија и Европската унија, поддршка на работата на телата во рамките на ССА, оддржување на електронска библиотека на документи и акти поврзани со НПАА, одржување на НПАА колаборативна околина односно веб-страна и пристап, утврдување на надлежности за ЕУ мерки, утврдување на потреби на превод и ревизија на ЕУ акти како и непосредно учество при подготовка на извештај за напредокот на НПАА;
  • ги имплементира процедурите на Европско Партнерство на Република Северна Македонија, ги собира неопходните информации, подготвува материјали и учествува на состаноците на Поткомитетот за земјоделство и рибарство согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација.