Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Од утре вакцинација на говедата против Чвореста кожа

14.03.2018
Од утре вакцинација на говедата против Чвореста кожа

Согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните, Aгенцијата за храната и ветеринарство од утре почнува со спроведување на вакцинација на говедата против болеста Чвореста кожа. Вакцинацијата ќе ја вршат овластените ветеринарни друштва заклучно со 31 мај. Со 230 илјади дози од вакцината, донација од Европската унија, опфатена ќе биде целата популација говеда во земјава.
Болеста Јазлеста кожа во земјава засега е ставена под контрола благодарение на претходните вакцинални кампањи и засега нема појава на нови случаи. Последниот случај на оваа болест кај говедата, по појавувањето во 2016 година, евидентиран е во јуни 2017 година во Кривопаланечко.

Паралелно со вакцинацијата на говедата против Јазлеста кожа, во Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се внесуваат географските координати за секое одгледувалиште одделно, со цел олеснување на постапката за контрола и исплата на субвенциите за сточарите.

За да се добие реална слика за бројната состојба на оваа категорија животни во фармите на цела територија на Република Северна Македонија, ветеринарните друштва ќе ги ажурираат и податоците за бројната состојба на говедата во фармите, а со овој процес, за прв пат во земјава, ќе се спроведе и попис на копитарите ( коњи, магариња, мазги и мулиња), активност која е планирано да заврши до крајот на летото.

Категорија