Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Национален контролен план за намалување на присуството на салмонелоза

Националниот контролен план за намалување на присуството на салмонелоза кај кокошки несилки, матични јата, бројлери, инкубаторски станици (Gallus gallus) во Република Северна Македонија е воведен во согласност со Правилникот за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други алиментарни интоксикации („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр 34/15).
Националниот контролен план за намалување на присуството на салмонелоза кај кокошки несилки, матични јата, бројлери, инкубаторски станици (Gallus gallus) во Република Северна Македонија се имплементира низ целата територија на Република Северна Македонија и во него се вклучени сите матични јата, сите јата несилки и сите јата бројлери Gallus gallus согласно измените на Правилник за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други алиментарни интоксикации. Овие одгледувалишта треба да бидат регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство согласно прописите за ветеринарно здравство и Закон за идентификација и регистрација на животните.
Цел на планот е намалување на раширеноста на салмонелозата која е од значење за јавното здравство во јата на домашна живина (Gallus gallus) во одгледувалишта најмалку на целните нивоа поставени во Правилник за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други алиментарни интоксикации.

Националниот контролен план за намалување на присуството на салмонелоза кај кокошки несилки, матични јата, бројлери, инкубаторски станици (Gallus gallus) во Република Северна Македонија е задолжителен за сите видови на јата (Gallus gallus) кои се одгледуваат на одгледувалишта со капацитет од:

  • Матични јата за репродукција (Gallus gallus) со капацитет 250 единки и повеќе;
  • Јата несилки (Gallus gallus) со капацитет 350 единки и повеќе;
  • Јата за бројлерско производство (Gallus gallus);
  • Инкубаториски станици (доколку функционираат како посебни единици).


Од обврската за примена на Националниот контролен план за намалување на присуството на салмонелоза кај кокошки несилки, матични јата, бројлери, инкубаторски станици (Gallus gallus) во Република Северна Македонија се ослободени само јата во одгледувалишта за домашна употреба како што е дефинирано во член 4 точка 2) од Правилник за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други алиментарни интоксикации, но од аспект на ветеринарното јавно здравство и сите производители и на мали количини примарни производи може да бидат вклучени во Националниот контролен план за намалување на присуството на салмонелоза кај кокошки несилки, матични јата, бројлери, инкубаторски станици (Gallus gallus) во Република Северна Македонија.

Законски и подзаконски акти

  • Закон за безбедност на храната („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 84/15, 123/15, 129/15 , 213/15, 39/16 и 64/18);
  • Закон за ветеринарно здравство („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/07, 136/11, 24/12, 123/12, 154/15 и 53/16);
  • Закон за идентификација и регистрација на животните („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 95/12, 27/14, 149/15 и 53/16);
  • Закон за квалитет на земјоделски производи („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16);
  • Закон за нуспроизводи („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/07, 144/14, 149/15 и 53/16);
  • Правилник за начинот на вршење на официјални контроли и постапките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози и листа на зоонози и предизвикувачи на зоонози („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/11);
  • Правилник за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други одредени алиментарни интоксикации („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 34/15);
  • Правилник за посебни барања кои се однесуваат за микробиолошките критериуми за храната („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 100/13);
  • Правилник за начинот за регистација, формата и соджината на образецот на барањето за регистрирање на одгледувалишта, формата и содржината на картата за идентификација на одгледувалиштето, начинот на пријавување и евидентирање на промените на одгледувалиштето и одгледувачот како и видовите на други животни („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 24/ 13);
  • Национален контролен план за намалување на присуството на салмонелозата кај кокошки несилки, матични јата, бројлери, инкубаторски станици (Gallus gallus) во Република Северна Македонија за период од 2017-2020;