Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Легислатива

 

Усогласувањето на националното законодавство за посебните барања за безбедност и за ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода  го штити потрошувачот на начин што обезбедува безбедни производи на пазарот и  им овозможува на операторите со храна искористување на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода и фер конкуренција на пазарот за слободно ставање во промет на производите во Република Северна Македонија.   Посебните барања за безбедност на производите од овие три категории се пропишани во Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18).


Експлоатацијата и ставањето во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода  се пропишани со Правилникот за начинот на издавање на одобрение, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за полнење и ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 175/18).

Легислативата од оваа област е уредена со следните Правилници:

  • Правилник за посебните барања за безбедност на природна минерална вода,изворска вода и друга пакувана вода  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18) [врска]
  • Правилникот за начинот на издавање на одобрение, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за полнење и ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 175/18) [врска]