Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Класична чума кај дивите свињи

Класичната чума кај свињите е вирусно заболување кај дивите свињи кое предизвикува огромна економска штета во свињарското производство. Дивите свињи можат да бидат носители на врусот и да ја пренесат болеста на домашните свињи. Другите животни и луѓето не заболуваат. Болеста е широкораспространета во светот. Присутна е и во Европа и во земјите од Балканскиот регион. Во Република Северна Македонија последниот случај на класична чума кај свињите е потврден во 2008 година и кај домашните и кај дивите свињи.

За успешна контрола на болеста Агенцијата врши мониторинг кај дивите свињи, застрелани од страна на ловните друштва во текот на ловната сезона.

Кај дивите свињи не се применува вакцинација.

Изготвена е “Cost-benefit” анализа со која се направени проекции за превземање на понатамошни мерки за сузбивање и искоренување на Класичната чума кај свињите на територијата на Република Северна Македонија во согласност со одредбите во Европската Унија каде болеста е целосно искоренета и превентивната вакцинација е забранета. Резултатите од оваа анализа треба да помогнат во донесување на одлуката во однос на мерките кои Агенцијата треба да ги превземе во иднина со цел да се овозможи извоз на живи животни и производи од животинско потекло на пазарите на земјите членки на Европската Унија.

Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите може да го превземете на следнава [врска]