Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Известување за потрошувачите за небезбеден производ ,,Златни пластични вилушки,,

10.05.2018
Известување за потрошувачите за небезбеден производ ,,Златни пластични вилушки,,

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ ,,златни пластични вилушки,, произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224.

Информацијата за небезнедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ. Производот е ставен во промет во сите маркети од страна на Верополус ДООЕЛ од Скопје со седиште на ул. Кочо Рацин бб.

Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција.

Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет.

Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат на местото каде што го купиле.

Категорија