Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии

Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии или т.н. „нова храна“ е секоја храна или нејзина состојка која нема значителна историја на консумација пред 1997 година, кога во Европската унија е донесена првата регулатива со која се пропишуваат посебните барања за безбедност за овој вид храна.

Националната дефиниција за овој вид храна пропишана во Законот за безбедност на храната и во Правилникот за посебните барања за безбедност на храната произведена со иновирани технологии ја опфаќа храната со нови или намерно модифицирани примарни молекуларни структури, храна и состојки на храна произведени со нова технологија или производствен процес, храна добиена од клеточни или ткивни култури од растенија, животни, микроорганизми, габи или алги, традиционална храна од трети земји и други видови храна.

Меѓу примерите на овој вид храна спаѓаат земјоделските производи од трети земји кои немаат историја на употреба во РСМ (чиа семе, сок од нони, овошна пулпа од баобаб), нови извори на витамини или минерали (хром пиколинат, печурки Agaricus bisporus како извор на витамин B12, извори на менакинон-витамин К), екстракти од позната храна (масло од антарктички крил ракчиња Euphausia superba богато со фосфолипиди) или пак храна добиена со нови технолошки процеси (UV-третирана храна: млеко, леб, квасец). Илустративни информации во врска со овој вид храна која е новина насекаде во светот, може да се добијат од следното видео објавено од Европската агенција за безбедност на храната:

https://youtu.be/yyySfT4_1Ss

Секоја нова храна која се става на пазарот на РСМ мора да ги исполнува следните општи барања:

  • Да биде безбедна за консумација;
  • Да биде правилно означена со цел да не ги доведува потрошувачите во заблуда во однос на своите нутритивни карактеристики;
  • Доколку новата храна е наменета да замени одредена конвенционална храна, нејзиниот состав не смее да биде нутритивно неповолен за потрошувачите.

Пред да се стави на пазарот на Република Северна Македонија секоја храна или состојка на храна произведена со иновирани технологии, т.е. нова храна, подложи на постапка на одобрување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство со цел да се потврди безбедноста на храната.

 

За да утврдат дали една храна или нејзина состојка спаѓа во категоријата храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии, операторите можат да се консултираат со Одделението за храна произведена со иновирани технологии, како и со Листата  на  одобрена  храна  и  состојки  на  храна  произведена  со  иновирани  технологии и  Европскиот  каталог  на  храна  произведена  со  иновирани  технологии кои  се  објавуваат  на  веб  страната  на  Агенцијата  за  храна  и  ветеринарство.

 

Novel foods – novel rules – Blog WKB 2

 

Листата на одобрена храна и состојки на храна произведена со иновирани технологии одобрена од страна на Европската комисија за ставање во промет во земјите членки на Европската унија

 

Европски каталог  на  храна  произведена  со  иновирани  технологии

 

Согласно член 55 од Законот за безбедност на храната, секој производ кој спаѓа во групата храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии или т.н. нова храна, може да се стави на пазарот на Република Северна Македонија само по претходно издадено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство дека ги исполнува посебните барања за безбедност за овој вид храна.

Секој оператор кој сака да стави на пазарот храна или состојка на храна произведена со иновирани технологии треба да поднесе писмено барање до Агенцијата за храна и ветеринарство (линк до барањето).

Во прилог на барањето, операторот ја поднесува следната документација:

1. резултати од лабораториски анализи со кои се исполнуваат барањата во однос на безбедноста на храната;

2. техничка документација на производниот процес;

3. опис на историјата на организмот кој е употребен како извор на храна произведена со иновирани технологии, доколку е употребен нов организам;

4. резултати на студии кои се спроведени и секаков друг материјал кој е достапен, за да се покаже дека храната е безбедна за употреба од страна на потрошувачот и не го доведува во заблуда кога треба да замени друга храна и кога има промени во нутритивниот состав;

5. оригинална амбалажа или идејно решение на амбалажата на производот;

6. означување на производот на македонски јазик;

7. означување на производот усогласено со барањата за означување на алергени пропишани во Правилникот за информациите поврзани со храната, доколку се работи за храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии кои се добиени од храна која може да предизвика алергија и

8. доказ за намирени трошоци за постапката за издавање на одобрение.

 

Оваа документација потребно е да биде подредена во техничко досие кое започнува со воведно писмо од барателот кое треба да ги содржи следните информации:

  • име и опис на храната произведена со иновирани технологии;
  • опис на производствените процеси;
  • детален состав на храната произведена со иновирани технологии;
  • научни докази за тоа дека оваа храна или состојка не претставува ризик за здравјето на луѓето;
  • резиме на студиите поднесени од барателот,
  • каде што е потребно, методот или методите на анализа;
  • предлог за условите на наменската употреба и дополнителни задолжителни информации кои треба да бидат ставени на означувањето и кои не треба да го доведуваат во заблуда потрошувачот,
  • образложение зошто одредени елементи во барањето или одредени документи не се потребни за посочената храна.

На крајот техничкото досие треба да завршува со резиме на досието, односно со  објаснување за целта и релевантноста на доставената документација, како и причините поради кои оваа храна не претставува ризик за здравјето на потрошувачите, ниту ги доведува потрошувачите во заблуда во услови кога има променет нутритивен состав во однос на конвенционалната храна која ја заменува.

Законскиот рок во кој Агенцијата може да решава во однос на барањето за одобрение за храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии е 12 месеци.

Сите одобрени производи од групата храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии се евидентираат во Регистарот на одобрени производи од групата храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии кој редовно се ажурира и објавува на web страницата на АХВ.

Регистар (линк)

Повеќе информации во врска со постапката за издавање одобрение заинтересираните оператори со храна можат да добијат од Правилникот за формата и содржината на барањето, начинот и постапката за издавање на одобрение, нејзиното времетраење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање одобрение за ставање во промет на производот од групата на храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии по барање на странката

Барање (линк)

Уплатница (линк)