Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Делегација на АХВ го одбележа празникот Свети Климент Охридски

08.12.2018
Делегација на АХВ го одбележа празникот Свети Климент Охридски

Делегација од Агенцијата за храна и ветеринарство, предводена од директорот Зоран Атанасов, денес, пред Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски. Празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конеск со положување на свежо цвеќе ја одбележаа и владина делегација предводена од министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија, Аксел Ахмедовски, како и делегации од Собранието на Република Северна Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Армијата на Република Северна Македонија, Сојузот на борци од НОВ, дипломатските претставници и претставници на останатите институции, политички партии и здруженија на граѓани.

Категорија