Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Aтанасов:Кај овците и козите не е присутна болеста Чума кај малите преживари

04.07.2018
Агенција за храна и ветеринарство

-Кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста Чума кај малите преживари која беше потврдена на 22 јуни во Бугарија. На терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно- изјави за медиумите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанансов, по промоцијата на резултатите од твининг проектот „Натамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”.
Преземени се сите мерки, објасни тој, додавајќи дека изречена е и забрана за увоз и транзит на овци, кози и нивни производи. Во Бугарија болеста е ставена под контрола, нови жаришта нема и опасноста е сведена на минимум.
Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се преземаат превентивни мерки со цел подигање на свеста на сточарите за оваа болест на повисоко ниво, со цел, откривањето на болеста, ако случајно се појави, да биде навремено.

Категорија