Постојните законски и подзаконски акти го уредуваат правилното и одговорно користење на антимикробни ВМП преку обезбедување на соодветна платформа за спречување или намалување на развојот на резистентни микроорганизми кај животните и луѓето со цел:
- Заштита на здравјето на потрошувачите преку обезбедување на безбедна храната од животинско потекло наменети за исхрана на луѓето;
- Спречување / намалување на директните и индиректните преноси на резистентни микроорганизми или резистенција во рамките на популацијата животни како и од животните на луѓето;
- Спречување на контаминација на храната од животинско потекло со резидуи од антимикробни средства над утврдените максимално дозволени ниво
- Исполнување на етичките критериуми за благосостојба на животните како и економскиот аспект на сточарско прехранбениот сектор.
Воведувањето на стриктни критериуми во одобрувањето, прометот и употреба на ВМП, забраната на употреба на одредени фармаколошки супстанции како и ограничување на употребата на други согласно Законот за ветеринарно медицински препарати, преку уредувањето на критериуимите за одговорно и рационално користење на антибиотици во ветеринарната медицина особено во однос на животните кои се користетат за производство на храна од една страна како и Обезбедување на усогласеност со барањата пропишани согласно Законот за безбедност на храната Агенцијата за храна и ветеринарство воведува и мониторинг на антимикробната отпорност со цел добивање на компаративни податоци за појавата на антимикробната отпорност кај предизвикувачите на зоонози доколку тие претставуваат закана за јавното здравје или други предизвикувачи заради инкорпорирање на активностите во рамките на својата надлежност во Националната стратегија за борба против антимикробната отпорност.
- Програма за Антимикробна отпорност за периодот 2022-2026 година
- Програма за Антимикробна отпорност за периодот 2017-2021 година
- Одговорна употреба на антимикробните средства во ветеринарната медицина
- Упатство за стратегија за мострирање и начин на земање примероци предвидени со програмаta за антимикробна отпорност
- Извештај од спроведувањето на годишниот план за мониторинг на антимикробна отпорност за 2019 година
- Извештај од спроведувањето на годишниот план за мониторинг на антимикробна отпорност за 2021 година
- Извештај од спроведувањето на годишниот план за мониторинг на антимикробна отпорност за 2022 година
- Извештај од спроведувањето на годишниот план за мониторинг на антимикробна отпорност за 2023 година