Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ подготви едукативни постери за да спречи диво и незаконско тргување и колење на добиток

17.09.2015
АХВ подготви едукативни постери за да спречи диво и незаконско тргување и колење на добиток

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати информативни двојазични постери (македонско-албански и македонско- турски јазик), наменети за одгледувачите на добиток и за граѓаните, кои во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам планираат да продаваат или да купат добиток. Во постерите кои ќе бидат дистрибуирани до сите регистрирани добиточни пазари, детално се опишани правата и обврските на одгледувачите на животни за продажба на животните на регистрираните пазари, почитувајќи ги одредбите од законите кои се однесуваат на здравствената заштита и благосостојба на животните, за идентификација и регистрација и други.
Преку овие информативни постери, до купувачите се апелира да не се купува добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува и здравјето на купувачите.

Со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, при тоа почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира купувачите да купуваат животни директно од регистрирани одгледувалишта на добиток или од регистрираните пазари и животните да имаат сертификат за здравствена состојба и истите да ги колат во одобрени кланици од страна на Агенцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство испрати допис до сите добиточни пазари и до општините каде се наоѓаат одобрените пазари од Агенцијата, за соодветните општински инспекциски служби да бидат присутни на терен една седмица пред празникот Курбан Бајрам и да ја следат состојбата на терен. Агенцијата упатува апел до регистрираните добиточни пазари, доколку се во можност да работат сите денови во седмицата пред овој голем муслимански празник.


- Постерот на македонско - албански јазик може да го преземете тука.

- Постерот на македонско – турски јазик може да го преземете тука.

- Известување за одгледувачите на добиток за движење на овци и кози од одгледувалиштата кон кланица и список на општини, населени места и одгледувалишта каде е извршена масовна вакцинација на овци и кози против болеста бруцелоза

Категорија