Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Отповикување на производ Негазирана природна минерална вода “МИРОС“

24.11.2023
Агенција за храна и ветеринарство

Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека  се отповикува следниот производ:

  • Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5  и 0,33 литри

Рок на употреба:   до 30.08.2024 година

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради  микробилошка неисправност   и  ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на  природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18)

Производител:  СИЛКА ГРУП-  Урошевац (Феризај), Република Косово
Увозник во РСМ:  АЛМАКО АРБ ДООЕЛ
Дистрибутер во РСМ:  АЛМАКО АРБ ДООЕЛ

Ознаки
Категорија