Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Отворено прифатилиштето за бездомни кучиња “Лајка„

14.10.2020
Отворено прифатилиштето за бездомни кучиња “Лајка„ 1

Лајка не е само објект, Лајка не е само ова што го гледате. Лајка е еден посебен концепт на третманот на бездомните животни. Ова официјално значи историја за поранешниот стационар или концепт Вардариште. Со овие зборови градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денес, официјално го отвори стационарот „Лајка“.

Капацитетот на објектот е околу 100 кучиња, додаде тој, потенцирајќи дека станува збор за еден од најдобрите стандарди кои се имплементирани во оваа област.

Целиот објект е опремен со подно греење, со цел да им обезбедиме комоција на животните. Секој простор е засебен, тргнати се прифатилиштата, тргнато е приемното одделение. Има амбуланта, операционала сала, соба за интензивна нега, соба за пост оперативен третман, како и карантински дел. Се надевам дека ќе почнеме системски да го решаваме овој проблем и за една до две години од сега го намалиме бројот на бездомни кучиња, како и на луѓето коишто се каснати од истите. Инвестицијата на прифатилиштето е околу 30 милиони денари, пари кои како општествено одговорни компании ги донираа дваесеттина компании, рече градоначалникот Шилегов на отворањето.

 

Отворено прифатилиштето за бездомни кучиња “Лајка„ 2

„Лајка“е современ стационар каков што не постои пошироко во регионов. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), објасни Зоран Атанасов, директор на Агенцијата, во изминатиов период презеде системски активности за намалување на бројот на бездомни кучиња. Ставен беше во функција модулот за идентификација и регистрација на домашни миленици во рамки на Ветеринарно информативниот систем на АХВ. Сега, најави Атанасов активно работиме на воспоставување и на модулот за евидентирање на бездомните миленици.

Во изминативе години како институција ја реализираме кампањата „Биди неговиот херој“ и ги едуцираме најмалите – децата, за тоа што значи да си одговорен сопственик на домашен миленик. Спроведовме обука на  ветеринарите и други заинтересирани лица за проценка на агресивноста на кучињата,  а во соработка со Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија ги реализиравме и обуките за  заловување на бездомни кучиња и за изградба на прифатилишта – истакна директорот Атанасов по посетата на прифатилиштето „Лајка“. 

До Заедницата за единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, додаде тој, Агенцијата за храна и ветеринарство достави повеќе од 32 илјади микрочипови. Во Владина процедура се, потенцира тој,  законските измени за здравствена заштита и благосостојба на животните, а Агенцијата донесе и неколку подзаконски акти кои ја регулираат оваа област.

„Жал ми е што граѓаните мораа да почекаат, но квалитетот и ефикасноста на услугата што ќе ја понудиме ќе им надокнади за целиот тој период. Дневно имаме над 30 јавувања од граѓани кои бараат да се дислоцираат кучиња. Стационарот е транзит зона каде ќе се извршуваат сите крвни и останати анализи, процесот на стерилизација и кастрација. Животните ќе бидат микрочипирани и евидентирани со ушни маркици кои што ќе имаат код со секоја населба, што значи дека ќе бидат вратени во истата населба во која биле заловени, доколку претходно не се вдомат“ изјави првиот човек на „Лајка“ Тина Петрушевска.

 

Отворено прифатилиштето за бездомни кучиња “Лајка„ 3

 

Категорија