Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Одржана работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали и производи

11.02.2020
Одржана работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани  пластични материјали и производи

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 11-12  февруари 2020 година во Скопје се одржа Работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали и производи со која претседаваше д-р Оливер Миланов, а како експерти  од ЕУ  учествуваа Г-ѓа Milada Syčová од Словачка  и Г-ѓа Мaria Rosaria MILANA од Италија.

 

taiex 1


Целта на оваа работилница е да обезбеди стручна помош во однос на процесот на одобрување на процесите на рециклирање како и официјалните контроли според ЕУ легислативата во однос на рециклирана пластика, како и подобро разбирање на одредбите од Правилникот за рециклирани пластични материјали и производи кои што доаѓаат во контакт со храната.

 

taiex 2


Работилницата има за цел успешно да се пренесе знаење и да се разменат искуства во примената на следната регулатива во земјите-членки на ЕУ:

  • Регулатива (ЕК) бр. 282/2008 за Рециклирани пластични материјали и производи наменети да дојдат во контакт со храната.

 

 

Ознаки
Категорија