Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Потврдена африканска свинска чума кај дива свиња во соседна Бугарија

25.12.2019
Потврдена африканска свинска чума кај дива свиња во соседна Бугарија

По новиот случај на потврдено присуство на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград во соседна Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти била пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ на 17 овој месец, со цел спречување на појава и ширење на болеста и во нашата земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да се почитуваат донесените решија за  спроведување на заштитни мерки кои ги пропиша Агенцијата, бидејќи опасност од појава на болеста се уште постои.

Упатуваме апел до граѓаните од пограничните региони со соседна Бугарија и ловните друштва, до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар задолжително да пријават доколку забележат угината дива свиња, бидејќи преку труповите во кои вирусот опстојува долго време, можно е ширење на болеста меѓу популацијата диви свињи. Концесионерите на ловишта да продолжат да спроведуваат засилен надзор во ловиштата и санитарен отстрел, со земање на мостри за испитување на присуство на болеста од секоја застрелана свиња.

Лицата кои биле на лов и имале контакт со диви свињи не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

Одгледувачите на свињи во селските домаќинства да ги одржуваат и развиваат биосигурносните мерки на фармите. Свињите да се чуваат затворени, да се води евиденција за нивно движење и да се ограничи пристапот на лица и/или возила на фармите. Неопходно е да се преземаат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, опремата и возилата и контрола на штетниците и векторите на фармите. 
Свињите да не се хранат со помии, односно кујнскиот отпад треба задолжително и нештетно да се уништи. За секое движење, животните треба да се придружени со валиден сертификат за нивната здравствена состојба.

Превозните средства треба да се исчистат и дезинфицираат пред да се натоварат или истоварат животните. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни на болеста кои немаат познат здравствен статус.

Агенцијата апелира свежото месо, подготовките од месо и производите од месо, како и нус - производите да не доаѓаат во контакт со приемчивите животни. Засилена контрола на документацијата да се врши на добиточните пазари и собирните центри.

Строго е забрането продавање на животни надвор од добиточните пазари.
 

Категорија