Атанасов одржа работен состанок со директорот на Подравка во Македонија

19.12.2019
Атанасов одржа работен состанок со директорот на Подравка во Македонија

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денес одржа работен состанок со Игор Маниќ, директор на компанијата “Подравка” во Република Северна Македонија. На состанокот Маниќ изрази задоволство од досегашната транспарентна и ефикасна соработка со Агенцијата и иницираше соработка за размена на искуства меѓу бизнис заедницата и администрацијата на полето на примена на најсовремените технологии  во производството на храна и консултација на бизнис секторот при имплементирање на новите европски регулативи од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните во националното законодавство.

Од негова страна изразена беше и подготвеност како компанија од прехранбената индустрија која има  изградено силни бизнис релации со оператори со храна од земјава, да помогнат и во  изнаоѓање на решенија за постоечките административни пречки кои во моментов го отежнуваат извозот на храна во Република Хрватска и ја кочат економската соработка меѓу двете земји.

Директорот Атанасов на средбата истакна дека Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи да работи на унапредување на соработката со операторите со храна, почитувајќи ги законите, како гаранција за обезбедување на транспарентна, навремена и брза услуга и за компаниите од прехранбениот сектор. 
 

Категорија