Во август уништени повеќе од 3,4 тони небезбедна храна

14.10.2019
Во август уништени повеќе од 3,4 тони небезбедна храна

Повеќе од 3,4 тони храна од животинско и неживотинско потекло била уништена во август годинава како небезбедна, од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) и операторите со храна. Во август биле спроведени вкупно 3.707 инспекциски контроли од кои 2.685 редовни, 294 контролни и 728 вонредни.

За констатираните недоследности изречени  се 434 инспекциски мерки – донесени се 296 решенија за отстранување на недоследностите, изречени се 123 мерки едукација, а изречена била и една парична казна.

За извоз на храна од неживотинско потекло, инспекторите за храна во август издале 328 сертификати за безбедност на производите. 274  сертификати издале официјалните ветеринари на операторите со храна од животинско потекло за пласман на нивните производи на  странските пазари.

Како небезбедна за увоз во земјава, забранет е влез само на една пратка со храна од животинско потекло со тежина од 3.683,4 килограми. Истиот месец, како небезбедни, нема поништени пратки со храна од увоз, ниту животинско, ниту од неживотинско потекло. 

Категорија