Претставници на АХВ дел од објаснувачкиот скрининг на ЕУ за заштита на потрошувачите

29.03.2019
Претставници на АХВ дел од објаснувачкиот скрининг на ЕУ за заштита на потрошувачите

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера и денес зедоа учество на објаснувачкиот скрининг за 28 Поглавје - Заштита на потрошувачите и јавно здравје. Преставници од Агецијата преку видео конференција во просториите на СЕП учествуваа на состанокот во делот на темите во кои Агенцијата е партнерска институција односно соработува со релевантните надлежни институции како што се Министерството за економија и Министерството за здравство во делот на заштита на потрошувачите и здравствена заштита на населението. Една од темите - ветеринарно медицински препрати е потполно во рамките на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од страна на претставници на Европската комисија на состанокот беа презентирани правилата на Европската унија кои се однесуваат на заштита на потрошувачите во однос на безбедноста на производите, опасните имитации и одговорноста за неисправни производи, контролата на тутунот, крвта, ткивата, клетките и органите како и правата на пациентите и заразните болести.

Овие правила Република Северна Македонија мора да ги обезбеди соодветно за членството во Европската Унија. Состанокот им овозможува на нашите институции да добијат соодветни објаснувања од страна на експертите од ЕУ по различни прашања од областа на потрошувачкото право и јавното здравје.
Поглавјето 28 - Заштита на потрошувачите и јавно здравје е прилично комплексно поглавје, бидејќи во него се препознаваат повеќе области, односно правата кои произлегуваат од него, граѓаните ги реализираат преку поголем број на институции во државата. Агенцијата за храна и ветеринарство како институција исто така има надлежности кои се поврзани со заштита на потрошувачите во областа на храната.

Категорија