Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Категоризација

Категоризација на нус производите од животинско потекло (НПЖП)

Нус производите од животинско потекло (НПЖП) се поделени во три категории, врз основа на ризиците што ги претставуваат.

Категорија 1 материјали

НПЖП од Категорија 1 материјали се класифицираат како материјали со највисок ризик.
Тие вклучуваат:

  • трупови и сите делови од телото на животни за кои постои сомневање дека се заразени со ТСЕ (трансмисивна спонгиформна енцефалопатија);
  • трупови на диви животни за кои постои сомневање дека се заразени со болест што може да се пренесе на луѓето или животните;
  • трупови на животни кои се користат во експериментите;
  • делови од животни кои се контаминирани поради недозволени третмани;
  • меѓународен угостителски отпад;
  • трупови и делови од телото од животните од зоолошки градини и циркуски животни или домашни миленици;
  • специфичен ризичен материјал (делови од телото кои претставуваат посебен ризик од болести, на пример ’рбетен мозок);

 

Категорија 2 материјали

НПЖП од Категоријата 2 материјали се класифицирани како материјали со висок ризик.
Тие вклучуваат:

  • трупови од животни отфрлени од кланици заради заразни болести;
  • трупови кои содржат резидуи од одобрени третмани;
  • неизведена живина која умрела во нејзината лушпа;
  • трупови на животни убиени заради контрола на болести;
  • трупови на мртви животни;
  • ѓубриво;
  • содржина на дигестивниот тракт.

 

Категорија 3 материјали

НПЖП од Категоријата 3 материјали се класифицирани како материјали со низок ризик.
Тие вклучуваат:

  • трупови или делови од тело погодни за исхрана на луѓе, добиени во кланица;
  • производи или храна од животинско потекло првично наменети за исхрана на луѓе, но повлечени од комерцијални причини, а не поради тоа што не се погодни за исхрана на луѓето;
  • домашен угостителски отпад;
  • меко ткиво од школките;
  • јајца и нус-производи од јајца, нус-производи од инкубаторски центри и лушпи од јајца;
  • водни животни, водни и копнени без 'рбетници;
  • кожи од кланици;
  • кожи, копита, пердуви, волна, рогови и влакна кои немаат знаци на заразна болест при смртта;
  • преработени животински протеини (ПАП).

 

Преработените животински протеини (ПАП) се животински протеини преработени од било која Категорија 3 материјали, освен:

  • млеко, колострум или производи добиени од нив;
  • јајца и нус-производи од јајца, нус-производи од инкубаторските центри и лушпи од јајца;
  • желатин;
  • колаген;
  • хидролизирани протеини;
  • дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од животинско потекло.
  • производи од крв. 

 

Законодавство:

Листа на категоризирани нус-производи од животинско потекло [врска]
Решение за определување на одредени нус-производи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии [врска]