Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за безбедност на храна за животни и исхрана на животни

Општи услови за безбедност на храна за животни

Под безбедност на храна за животни се подразбира безбедноста во однос на органолептичките особини, квантитативниот и квалитативниот состав, микробиолошката исправност и безбедноста во однос на присуството на непожелните супстанции и производи. Храната за животни органолептички треба да биде таква што нејзините природни својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) не се променети и количествата хранливи состојки вградени во храната за животни вклучувајќи ги и адитивите треба да одговараат на потребите на одделни видови и категории на животни и да немаат негативно влијание на здравјето на животните односно да не го загрозуваат здравјето на луѓето и животната средина.

Храната за животни и сировините за производство на храна за животни се безбедни доколку:

  • не содржат хормони, седативи, тиреостатици и антибиотици и други фармаколошки активни супстанции и супстанции кои не се дозволени за употреба во исхраната на животните;
  • не содржат неоргански материи над максимално дозволените количества;
  • показателите на хемиското разлагање не се над максимално дозволените вредности;
  • не содржат сапрофитски микроорганизми над максимално дозволениот број;
  • не содржат патогени микроорганизми над максимално дозволениот број;
  • не содржат токсини на токсигени бактерии (Clostridium botulinum, Clostridium perfringens и Staphylococcus pyogenes) во 1 грам;
  • не содржат токсини и токсигени габички над максимално дозволениот број;
  • не содржат отровни растенија и паразитски габички над максимално дозволените количества;
  • не содржи адитиви за храна за животни, освен адитивите кои имаат поволни ефекти и и даваат поволни карактеристики на храната за животни;
  • не е органолептички изменета, односно, природните својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) поради физички, хемиски, микробиолошки или други процеси им се изменети и не се повеќе соодветни за исхрана на животните;
  • не се механички загадени со примеси кои може да бидат штетни по здравствената состојба на животните;
  • се со соодветен квалитативен и квантитативен состав кој ја одредува биолошката вредност, искористливост и употребливост на храната за животни, односно ги содржи составните делови што се определени со прописите за квалитет и со декларацијата на производителот и
  • се со соодветна декларација.

Правилник за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни (Службен весник на РМ бр. 149/12 и 53/13) [врска]