Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денес одржа работен состанок со пр

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во февруари годинава спроведоа вкупно 4

Од вкупно 16.052 во 2008 година, бројот на заболени овци и кози од бруцелоза лани се сведе на сам

Во својство на годинешен претседавач со Поткомитетот за земјоделство во рамки на ЦЕФТА, денес, ди

Претставници од веледрогериите за ветеринарно медицински препарати и од Ветеринарната комора, ден

Две паралелки третоодделенци од основното училиште Никола Карев од Радовиш беа дел од втората еду

Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за реализација на акцијата за бесплатно мик

Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на операторите со храна преработувачи со

Во организација на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија и Бугарскиот ветеринарен

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите во денешното соопштение на пол